Breaking Bad играчка која ги вознемири родителите

Целиот сет, со име „SuperLab” чини  250 долари, а им овозможува на децата и возрасните да ја состават озлогласената лабораторија на Волтер Вајт, за производство на метамфетамин. Со помош на детално конструираниот сет, можете да составите и некои сцени од серијата. Играчките наликуваат на класичен сет лего коцки, иако немаат никаква врска со познатата данска компанија, а предизвикаа огромни негодувања во јавноста.

Својот бес, голем број од родителите го изразиле на Твитер, апелирајќи како овие играчки воопшто не се за деца. Наводно, компанијата Лего одбила да ги превземе играчките кои ги произведува Citizen Brick, поради нивната содржина за возрасни.

0889007.74

Серијата „Breaking Bad” во моментов е во својата 5-та сеозна, а за неупатените  се работи за професор по хемија Волтер Вајт, кој станува најголемиот производител на метамфетамин.

И за крај малку надвор од темата со контроверзната играчка , имаме една порака за фановите… Чувството кога едвај чекаш да дојде понеделник, особено наредниот !

0890007.74

- Реклама -