Да му помогнеме на Јанош од Унгарија да ја најде Македонката што му го украла здивот

Македонското девојче не се заборава толку лесно, макар и да ви се сретнале судбините за миг.Јанош упорно не може да ја извади непознатата Македонка од глава.  Додека бил на одмор во Грција тој и го спасил животот при давење и се вљубил во неа. Во писмо кое пристигнало во електронската пошта на „Радио Фортуна“ тој напишал:

„Го поминав летниот одмор со моето семејство во Грција, во Олимпик Бич, во втората половина на август 2013 година. Додека престојував таму и го спасив животот на една девојка од Македонија од давење во вода. Настанот се случи на 23 август. За жал, во целата ситуација сите бевме збунети и исплашени и немавме можност подобро да се запознаеме и да размениме контакт. Не успеавме ни да се сликаме. Девојката ми остави голем впечаток и навистина сакам да ја запознаам подобро, и да дознаам што се случи со неа од тогаш. Ве молам ако може да ми помогнете, да добијам информации за да можам да контактирам со неа. Ако не можете да ми помогнете, Ве молам ова писмо да го испратите на друга локација.

Ви благодарам однапред Јанош Ердеи од Унгарија.“

Споделувајте, па можеби ова ќе стане приказна со среќен крај. Доколку имате било какви информации, поштата на Јанош е: erdei@teleline.hu

- Реклама -