Дејвид Бекам: Семејна драма на познатиот фудбалер

Дејвид Бекам и неговото семејство овие денови се соочуваат со вистинска драма. Всушност, новородениот внук на познатиот фудбалер е сериозно болен и е во болница.

Дејвид го помина Божиќ во Малдиви со сопругата Викторија и нивните деца, Бруклин (14), Ромео (11), Круз (8) и двегодишната ќерка Харпер Севен, но секојдневно бил во контакт со сестрата Лин, чие мало дете Џејмс Џенсон, кој има само десет дена е на интензивна нега.

Ова е второ дете на сестрата на Дејвид, Лин, која го има со партнерот Кевин Бригсом, а детето е родено со сериозни респираторни нарушувања и се борат за неговиот живот. „Се бори за живот од моментот кога е роден. Ние сме многу загрижени за сите, но докторите се одлични. Дејвид ни е голема поддршка и постојано сме во контакт“, рекол Кевин за британските медиуми.

Детето, кое е родено во Queen болницата во Есекс, северо-источно од Лондон, денес ќе се премести во Great Ormond Street болницата, за операција. Целото семејство е заедно сега, со цел заеднички да ги пребродат овие тешки времиња, а мајката на Дејвид, Сандра не се одвојува од ќерката Лин (41), додека чекаат да дознаат новости за најмалдиот член на нивното семејство.

- Реклама -