Вкусно пециво: Триаголници полнети со сирење и пилешко

Постојат безброј начини на кои може да направите вкусни закуски од тесто. Одбравме еден евтин, брз и вкусен начин. Подгответе триаголници од лиснато тесто полнети со сирење и пилешко месо.

cСостојки: 1 пакување лиснато тесто, 1 јајце, 150г пилешки гради, половина зелена салата, 2 домати, 80г шампињони, 100 г сирење, зачини, сол бибер

Подготовка: Развлечете го тестото на даска врз која сте ставиле малку брашно, поделете го на четвртини кои треба да ги преклопите така што од нив ќе добиете триаголници. Во средина ставете маллу фолија за да не се залепи тестото. Триаголниците ставете го во плех обложен со хартија за печење и премачкајте го секое парче со јајце и печете 15 минути на 200 степени.

Додека се ладат подгответе го филот. Пилешкото месо исечете го на коцки, зачинете го и испечете го на зејтин заендо со шампињоните. При крај на печењето додајте ги доматите, сирењето и на крајот измешајте. Тестото наполнете го со смесата и со зелена салата.

Добар апетит!

- Реклама -