92 годишна старица со саканиот избега од дом за стари лица

Во норвешката населба Ејдсвол, 92-годишна жена избега од дома заедно со 87-годишниот партнер со кој се среќавала.

 

Како што раскажуваат од центарот за грижа на стари лица, двајцата се гледале некое време, со тоа што нејзиниот љубен ја посетувал постојано.

Вработените на домот случајот го пријавиле во полиција, откако ги откриле личнитe предмети на старицата на паркингот.  По некое време полицијата објаснила дека постарата жена се упатила за Стокхолм со својот дечко од Шведска.

„Ова е навистина една интересна љубовна приказна”, вели управничката на домот Јанка Холстад.

Според неа, жената не извршила ништо незаконско, туку едноставно го загрижила персоналот, бидејќи не го објавила своето заминување.

Од домот додаваат дека вљубената двојка поминала заедно 10 дена, а наскоро Норвежанката би требало да се врати во центарот за грижа.

- Реклама -