Докажано: жените не се палат на згодни мажи

И покрај тоа што описот за маж како “црн, висок и згоден” е врежан како идеален за жените, се чини дека сепак жените, фантазираат за нешто сосема друго. Повеќе истражувања покажале, и покрај тоа што жените зборат дека им се допаѓа најмногу мачо типот, сепак реалноста е друга.

Неодамна еден интернет портал, направил истражување на повеќе од 2.500 жени, поврзано со нивните фантазии. Жените не само што не фантазираат за високиот и згоден црн маж, туку идеалот за повеќето од нив преставувал компјутерски фрикови со неуредна брада.

Покрај брадата, жените се одлучиле и за влакнестите машки гради, како и способноста мажот да може да заплаче на некој романтичен филм. Се чини дека мачо типот, веќе не е омилен на женската популација.

Помеѓу најпосакуваните мажи се наоѓаат и они кои имаат седа коса, или се верни навивачи на некој клуб. 91% од испитаничките се изјасниле, дека немаат потреба од груб и мускулест маж, туку најмногу што ценат е емотивен, внимателен и нежен тип на маж.

- Реклама -