Омажете ме и ќе се убијам!

Видеото кое за кусо време со прошири низ интернет страните ја прикажува 11-годишната Нада Ал-Адхал од Јемен која побегнала кај нејзиниот вујко, за да би го избегнала присиленото венчавање кое го планирале нејзините родители.

„Омажете ме и ќе се убијам!“, предупредува малото девојче во видеото кое е снимено на почетокот на јули.

Колку ова видео е веродостојно останува да видиме, но во Јемен мажењето на мали девојчиња е вообичаена пракса. Овој проблем го привлекува вниманието на меѓународните групи за човекови права кои сакаат да извршат притисок на владата да го забрани склопувањето на бракови со деца.

Главниот проблем е сиромашноста и неможноста на семејствата да ги одбијат парите кои им се нудат за женските деца, па така често се во прашање и само по неколку стотици долари. Повеќе од четвртина од жените во Јемен се мажат пред 15 години, се наведува во извештајот од 2010 година.

Иако во оваа земја некогаш важеше законот дека 15 години е минималната старосна граница за брак, парламентот го поништи во 1990 година наведувајќи дека родителите се тие кои треба да одлучат кога ќерката треба да се омажи.

- Реклама -