Конечно: Супермен и Бетмен заедно на филм

Да ги имате заедно на едно место двајцата најголеми суперхерои е нешто повеќе од митологија, вели Зак Снајдер кој ќе го режира филмот во кој Кларк Кент и Брус Вејн за првпат ќе ги здружат силите.

Двата најголеми стрип херои, Супермен и Бетмен, ќе ги здружат силите против злото во новиот филм, најави Зак Снајдер, режисер на овогодишниот блокбастер „Man of Steel“, на фестивалот Comic Con во Сан Диего.

Batman-Vs-Superman-1-TPTIVIRZ0S-1024x768

Улогата на Супермен би требало да ја репризира Британецот Хенри Кавил, додека се уште не се знае кој ќе го глуми Бетмен, имајќи предвид дека Кристијан Бејл соопшти дека повеќе нема да го глуми Брус Вејн. Снимањето на филмот ќе почне следната година, а премиерата се очекува во 2015 година.

Warner+Bros+Pictures+Legendary+Pictures+Preview+uKjZPBSI9-2l

„Да ги имате заедно на едно место двајцата најголеми суперхерои е нешто повеќе од митологија. Многу сум возбуден што повторно ќе работам со Хенри Кавил во светот што го создадовме и не можам да дочекам да ја проширам приказната во следното поглавје“, изјавил Зак Снајдер.

- Реклама -