Лајковите на ФБ, ви ја откриваат сексуалната орентација, IQ, политичките ставови

Можеби навидум ова не ви звучи толку спектакуларно, но продолжете да читате и ќе се изненадите. Се подразбира доколку вие лајкнете некоја слика на Исус, најверојатно сте Христијанин, но истражувањето што било спроведено на 58.000 волонтери, малку повеќе ја “комплицира” ситуацијата.

Истражувањето што било спроведено на 58.000 волонтери, со помош на апликацијата на Фејсбук, myPersonality, која била креирана од Давид Стилвел и Мајкл Косински кои работат за Универзитетот Кембриџ.

Најпрво сите волонтери кои се пријавиле, биле подложени на многу он-лајн тестови, кои собирале секакви податоци за нив. Од сексуална орентација, зависности,политичка определба, па се до каква музика слишаат и кои филмови им се најомилени. Откако тестовите биле обработени и резултатите анализирани, започнала ФБ анализата. Со помош на апликацијата која била инсталирана кај сите волонтери, било анализирано нивното однесување на ФБ со помош на лајковите.

Во комбинација на резултатите од тестовите и резултатите од апликацијата на ФБ, се добиле основните параметри за компјутерско анализирање врз основа на ЛАЈКОТ. Па така се добивала неверојатна процентуална точност за карактерот, интересите и интелегенцијата на ФБ акаунтот, т.е. за некоја одредена личност.

Апликацијата можела со 73% да утврди дали сте пушач, со 88% ја утврдувала точната сексуална орентација, и покрај тоа што помалку од 5% од хомосексуалците имале директен контакт со сексуална содржина и тн. Интелегенцијата пак се утврдувала врз основа на процентуална застапеност на работи кои не се сосема објаснети од науката и прикажаниот интерес кон нив (нп: лајкната страна за грмотевици)

Во суштина се работи за параметри поврзани со одредена психолошки карактеристики, кои вие несвесно, потсвесно или тотално свесно ги искажувате со притискање на LIKE копчето. Па така се добил првиот психо-аналитички програм кој целосно ве анализира со брзина на светлината.

Единствено што се истакнува како поголема пречка при креирање на оваа апликација, е препознавање на разликата помеѓу интуитивното однесување и стереотипите. Но и тоа било совладано, со подетална анализа и тестирања.

Резултатите од ова истражување се објавени пред неполни три месеци, а од тогаш неколку работи се променија во светот. Националната агенција за безбедност во САД и ЦИА, беа фатени со раката во џебот (поради Сноуден кој побегна со огромен број на информации, и сеуште бара азил, притоа повикувајѓи се на меѓународното право), како ги прислушкува својте граѓани, сојузници и сите социјални мрежи и платформи за комуникација (од Skype до мобилни телефони) во светот, без никакво одобрение од суд! Едноставно сите беа прислушкувани. И тоа неполна година откако го изгласаа законот за хакирање, како акт на војна. Колку време го правеле ова, не се знае точно, но се наведува 2009 година.

Дали ќе биде премногу доколку претпоставиме дека НСА и ЦИА веќе за сите нас има психолошки профил со повеќе од 70% точност?

- Реклама -