Градовите со најлоши таксисти

Веројатно би било подобро за вас да патувате со јавниот превоз за време на следната посета на Рим или Париз! Во Вечниот град, исто како и во „Градот на љубовта“, такси-шоферите се исклучително груби – покажува неодамнешната анкета меѓу британските туристи.

Веднаш по Рим и Париз се најдоа возачите од  Сан Антонио (Ибица) и  Дубаи, кои според испитаниците,  исто така ретко помислуваат да бидат љубезни.

Анкетата е спроведена на порталот airporttransfers.co.uk, а во истата учествувале 2162 туристи од Велика Британија, кои патувале во последната година. Тие тврдат дека  најљубезни биле  возачите во Пефкос (Родес) и во турското летувалиште Мармарис.

de niro

Но што всушност значи „љубезен таксист”? 86 проценти од испитаниците тврдат дека тој, пред се, треба да биде разговорлив, додека 42 проценти од посетителите на сајтот сметаат дека тој треба да биде подготвен да сподели совети и инсајдерски информации за туристичкиот град. За груби се сметаат возачите, кои не се корисни за клиентите – тоа е мислење на половина од испитаниците.

Патување со такси често е првиот, а неретко и траен впечаток на туристите за еден град. Затоа е важно доживувањето да е пријатно. Според менаџерот на сајтот airporttransfers.co.uk, Крис Кларксон, такси превозот треба што повеќе да личи на туристичка тура, а возачот да биде воедно и туристички водич . „Но за жал, има возачи кои само мрморат под носот, ако ги прашате нешто“ – вели Кларксон.

- Реклама -