Кога би сакале да си купите некој од овие прекрасни украси за вашиот врат, веројатно би потрошиле горка сума на пари со оглед на тоа колку раскошно и елегантно изгледаат.
Сепак, пред да избрзате со купувањето, појдете до најблиската продавничка за купување на делови за изработка на накит, и обидете се да си го направите самите. Освен што ќе ве чини можеби пет пати поевтино, доколку доволно се потрудите ќе забележите дека крајниот резултат е ист. Навистина, иако можеби сите тие ланчиња изгледаат навистина раскошно и комплицирано за правење, ќе се уверите дека и не било до толку тешка филозофија.
Во продолжение ви прикажуваме осум упатства за правење на неодоливи ѓердани кои се апсолутен хит сезонава.