Малината како супер овошје

Во последно време се повеќе се истражува како малината делува на малигните клетки, затоа што елагичната киселина која ја има во завидна количина во семката на малината, го спречува размножувањето на клетките на ракот. Исто така го спречува оштетувањето на ДНК, а не делува на нормалните клетки задолжени за имунолошкиот систем.

Малината во себе  ги содржи шеќерите гликоза, фруктоза, сахароза, органските киселини- елагична, јаболкова, лимонска и салицилна. Таа има во себе и етерично масло и витамините Ц и Е.

Експертите велат дека антоцијани и полифеноли, особено елагината киселина, која ја има во малината во завидна количина, имаат корисни ефекти во заштитата на клетките од оштетување, стареење и разни форми на рак. Нивните истражување го потврдиле и фактот дека несомнено малините имаат и цитостатски ефект врз клетките на ракот на дебелото црево.

Поради многуте корисни состојки, во многу земји се користи за спречување на дијареа и егзема, додека Екстрактот од малина се користи против вируси и го стимулира панкреасот да лачи повеќе инсулин, поради што и се препорачува за намалување на шеќерот во крвта.

Традиционалната медицина долго време препорачува да се јадат свежи малини кога сме настинати зошто успешно ја намалуваат телесната температура, го потикнуваат потењето, ја чистат жолчката, го зајакнуваат имунитетот и срцето и ја нормализираат крвната слика.

- Реклама -