Битолчанец го фрли кучето од прозор (вознемирувачко видео)

Незнам до кога ќе го толерираме ова што ни се случува во општествово.
После потресувачкото видео од борбите со кучиња во струшко, сега се појави уште едно видео во кое се измачува и убива куче! Доколку не ви е јасно, еден од познатите предупредувачки сигнали за психопатите, вклучувајќи го и антисоцијалното пореметување на личноста, е измачувањето на домашни миленичиња и мали животни, повеќе познато како Зоосадизам. Според Њу Јорк Тајмс, ФБИ потврдува дека историјата на Зоосадизмот е една од константните одлики на сериските силувачи и убици. Агресијата која се јавува спрема кучињата и мачките клинички е докажано дека се поистоветува со агресијата спрема луѓето.

Доколку одговорните институции не ги интересира овој факт или на ова гледаат со потсмев, а продолжуваат да шират дезинформации како беснилото од Радишани, кое не беше докажано, а подоцна се докажа дека е шпекулација и никој не превзема одговорност за теророт и стравот кој го осетија граѓаните на Скопје, можам слободно да ви потврдам дека граѓаните ќе се спротистават на ова. Логиката го сугерира тоа.

Поразително е за животната средина и општеството, на ваквите случаеви да не им се обрнува внимание, кога во светот се толкуваат како индикатори за сериозни психолошки нарушувања.
[youtube]http://youtu.be/xfbnQQ8w4w8[/youtube]

- Реклама -