Како актерите од Hobbit реагираат на реакциите на фановите за трејлерот на филмот (видео)

Еванџелина Лили, Орландо Блум и Ли Пејс, кои глумат во ова епско остварување со уживање ги гледале реакциите на две девојки кои емотивно ја гледале најавата за второто продолжение „The Hobbit: The Desolation of Smaug“.

Трејлерот за продолжението на Hobbit никого не остави рамнодушен, што може да се забележи и на видеото во кое овие две девојки со неверојатни емоции ја гледаат најавата.

Нивната реакција, пак, ја гледаа тројцата актери од филмот. Еванџелина вели дека реакциите на девојките се понапнати од самиот трејлер, додека Блум константира дека девојките го имаат тој „елф“ поглед во далечина додека ја гледаат најавата.

Погледнете го ова интересно видео

[youtube]http://youtu.be/qQ1LCvs8Xcc[/youtube]

- Реклама -