Три месечната Белмина Ибришевич мора итно на операција во странство, но во овој момент тоа не е возможно, поради тоа што нема единствен матичен број.
Нејзините родители се очајни, но без матичен број Белмина неможе да добие пасош и да ја напушти земјата. Нејзината ситуација е критична и има потреба од итно пресадување на коскена срж, поради тешкото имунолошко заболување .
Во Босна од 12 февруари 2013 година не се издаваат матични броеви, односно новороденчињата за администрацијата не постојат. Раскараните политички партии неможат да ги усогласат ставовите за да се изгласа законот за ЕМБ и се издаваат привремени броеви кои важат само за внатрешна употреба. Ваквата ситуација претставува грубо прекршување на основните човековите права, но никој не ја превзема одговорноста.
Министерот за здравство Нович изјавил: Во БиХ нема одговорност,бидејќи одговорноста се однесува на сите, затоа што секој застапува свои политички ставови и интереси и тогаш кога тие немаат некоја посебна причина.