Рибата ја подобрува работата на мозокот

Консумирањето риба ги подобрува когнитивните способности, се вели во истражувањето спроведено во Норвешка. Следејќи повеќе од 2.000 испитаници на учесниците утврдиле дека секојдневното консумирање риба повеќе од 10 грама ги подобрува резултатите на тестовите за когнитивни способности. Се покажало дека резултатите на тестовите се подобруваат пропорционално со зголемувањето на консумирањето риба. Најдобри резултати се забележани кај лицата што во просек секојдневно консумирале околу 75 грама риба. Норвешките научници веруваат дека причината за ова се омега 3-масните киселини од рибата,иако резултатите од студијата објавени во American Journal of Clinical Nutrition не потврдуваат директна врска.
Bo-sung-chat-beo-giup-ban-co-bo-nguc-dep

- Реклама -