Има градови кои страдаат од високо ниво на криминал, додека во други е тешко да се најде живеалиште по пристапна цена … Кога станува збор за Дубаи, тука постои проблем од друг вид: луксузни спортски автомобили се напуштени речиси насекаде во градот.
Пред неколку години Дубаи беше центар на нафтената индустрија и претставуваше многу динамичен пазар. Многу богати странци го искористија тоа, за да се „подноват ” со Porsche, Corvette или луксузно BMW.
Проблемот настана со почетокот на економската криза и недвижен имот, кога цените растеа брзо во 2009 година. Оттогаш бројни странци ги напуштаа своите имоти секоја година, обземени од паника при помислата дека нема да можат да плаќаат долгови – во Дубаи неплатените долгови без покритие се злосторство, казнето со затвор.
Нивните автомобили редовно стојат напуштени на паркингот на меѓународниот аеродром во Дубаи. Некои имаат таблички со името на сопственикот,а на други се закачени белешки со извинување, понекогаш дури и клучевите стојат крај автомобилот.
Проблемот стана уште посериозен веќе во 2010 година. Жителите на крајбрежните области оттогаш редовно се жалат од прашливите автомобили кои ја очекуваат судбината на паркинзите.
Во 2012 година полицијата дури пронајде напуштен Ferrari Enzo, модел од кој има само 100 копии низ целиот свет.
Според сајтот Emirates 24/7 само во април оваа година полицијата пронашла четириесет луксузни автомобили, напуштени од различни причини, а од 2010 година се грижела за 12 000 возила. Понекогаш сопствениците на овие автомобили ги напуштат, едноставно затоа што добиле премногу казни за пребрзо возење и поминување на црвено, или затоа што ја напуштиле земјата без даги исплатат кредитите.
Доколку сопственикот не се појави за шест месеци, полицијата ги продава на аукција. Понекогаш – за да ги најдат повторно на улица.