На апликацијата на ДИК за пријавување на дијаспората, до денеска до 14 часот се пријавиле 742 граѓани.
Од нив, 702 се прифатени, 11 барања се одбиени и останатите се разгледуваат. Тие ќе гласаат во дипломатските претставништва на Македонија во странство.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 1.216 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 188, во Радовиш – 104 и Струмица – 101.