72-годишен старец продавал на тинејџери енергетски пијалоци со метамфетамин

72-годишниот жител на Мисури, Џаспер Џун, денеска беше уапсен под обвинение за производство и дистрибуција на домашни „енергетски“ пијалоци кои содржат моќни метамфетамини.

При самата акција, полицијата на локалната област во Мисури го пронашла осомничениот облечен само во пелени за возрасни, додека читал арапско порнографско списание.

Полицијата запленила околу 25 литарски шишиња наполнети со енергетскиот пијалок, за кои било утврдено дека содржат метамфетамин.

Обвиненијата дошле веднаш откако Џун им ги продал сомнителните пијалоци на неколку средношколки, кои биле подоцна хоспитализирани поради внатрешно крварење. Нивните родители веднаш го пријавиле случајот.

72-годишниот старец пред полицијата најпрво тврдел дека нема ништо нелегално во пијалоците, односно дека “тие се само слични на енергетските пијалаци како „Rockstar“ или „Monster“. Тој воедно изјавил дека напитокот содржел единствено лимонада, кофеин, шеќер и неколку капки бензин, притоа колнејќи се дека не ставил метамфетамини во шишињата.

Потрошувачите го купувале овој пијалок за 20 долари. Еден од нив шокирано изјавил дека се уште не може да поверува дека Џун ставал дрога во нив, иако признал дека нивното дејство било навистина моќно, и го одржувале буден и по неколку денови.

Неколку часа подоцна, Џаспер ја признал вината додавајќи: „0кеј, навистина ставав само малку „мет“ за да ги „навлечам“ да купат повторно. Знам дека сите ќе сведочат против мене, па само би сакал да им откријам една работа – „мочав“ во секое шише“.

- Реклама -