Амазон објави пилот-епизоди за сопствените серии

Исто како „Netflix“, и Амазон се впушта во телевизиските води, или поточно како онлајн телевизиски линк. После успехот на серијата „House of Cards“ на „Netflix“ во која главната улога ја игра оскаровецот Кевин Спејси, и лидерите на Амазон одучија да тргнат по истиот пат. Сепак, тие се решија за малку поинаков пристап.

Амазон за оваа година произведе дури 14 пилот-епизоди (8 комедии и 6 детски серии), кои дополнително ги постави на својата страница за бесплатно гледање (со регистрација), па така оцената и впечатоците на публиката играа одлучна улога во понатамошната судбина на серијата, односно фактот дали ќе се произведуваат и други епизоди. Многумина го пофалија овој систем на телевизиската продукција, со оглед на тоа што нивното мислење започна да се вреднува како клучен фактор кој сам одлучува што „ќе им се сервира“.

Сепак, потегот наиде и на критики на оние кои сметаат дека ваквиот начин на оценување ќе предизвика страв кај авторите на сериите, кои за да им успее проектот ќе морат да се трудат да ги задоволат најшироките слоеви на публиката, со што се губи можноста за свежина и иновација со цел да се скрати ризикот.

Во продолжение, погледнете ги трејлерите за најавените серии.

„Alpha House“

[youtube]http://youtu.be/8iXYgtIYCTg[/youtube]

Zombieland

[youtube]http://youtu.be/v_7Zc7PuAVU[/youtube]

 

Трејлерите за останатите серии погледнете ги тука.

- Реклама -