Првиот трејлер за филмот на Кијану Ривс, „Man Of Tai Chi“

Пристигна и трејлерот за режисерското деби на Кијану Ривс, акцијата „Man Of Tai Chi“. Според истиот може да се забележи дека главните случувања во филмот се водени од необичната форма на организација во сенка, во чија улога на лидер се појавува самиот Ривс, како и бројните боречки сцени инспирирани од древните азиски вештини. Филмот е снимен на мандариснки и англиски јазик, а покрај Кијану во него се појавува и Тајгер Џен, човекот кој го учеше Ривс на боречки вештини за потребите на „Матрикс“.

- Реклама -