Нов трејлер за „The Lone Ranger“

Во вестерн авантурата на Гор Вербински „The Lone Ranger“ главната улога му е доделена на Џони Деп. Покрај него во филмот ќе ги гледаме Хелена Бонам Картер, Арми Хамер и Вилијам Фихтнер. Филмот стигнува во кино салите во Америка на 3 јули.

Приказната на филмот е поврзана со ликот на Индијанецот Тонто (Џони Деп) кој раскажува за тоа како ликот на Џон Рид (Арми Хамер) од човек од лицето на правдата, се претворил во човек кој ја зема правдата во свои раце. Двајцата ликови мора да научат да работат еден покрај друг и да се борат заедно против алчноста и корупцијата.

The-Lone-Ranger-Movie-Poster

- Реклама -