Лабаво Лавабо со прв видео запис за преработката на „Niggas in Paris”

Лабаво Лавабо го објави својот прв видео запис и тоа за преработката на култната „Niggas in Paris” на Jay Z и Kanye West.

Лабаво Лавабо е кавер бенд кој постои од 2010 година. Бендот го сочинуваат: Бојан Филиповски (вокал, бас гитара), Виктор Филиповски (тапани), Дејан Михајловиќ (гитара) и Борислав Веселинов (саксофон). Во текот на трите години постоење, гордо можат да се пофалат дека имаат преку 250 настапи низ целата држава. Моментално работат на авторски материјал, за кој не сакаат да откријат многу, освен тоа што нивниот прв сингл можеме да го очекуваме многу, многу скоро време.

[youtube]http://youtu.be/boo-7p8fq6M[/youtube]

- Реклама -