Новиот сингл на Емили Санде како најава за филмот „Trance“

Новата песна на Емили Санде „Here It Comes“ е најава за најновиот филм на Дени Бојл „Trance“ чија премиера е закажана за 25 април.

Музиката за новиот трилер на Бојл ја компонираше Рик Смит, член на групата „Underworld“, а на снимањето на албумот учествуваа и други познати имиња како Моби, британскиот состав UNKLE, Кирсти Мекги, а една од песните ја изведува Росарио Досон, која ја игра главната улога во филмот.

[youtube]http://youtu.be/gzM8IdOwwTg[/youtube]

Дени Бојл и Рик Смит имаат долга историја на соработка, од култниот филм „Trainspotting“, преку „The Beach“ до импресивната церемонија на отворањето на Олимписките игри 2012, на која им се придружи Емили Санде.

„Во Емили препознав некои апсекти на ликот кој го толкува Росарио. Оваа песна првично беше инструментална верзија, но поради преубавиот глас на Емили Санде решив да направиме соработка. Испадна совршен спој“, рекол Смит.

06220440461902266283

„Trance“ го следи Сајмон, трговец со уметнички дела кој се здружува со криминална банда за кражба на слики вредни милиони долари. Откако сред голема кражба ќе претрпи удар во главата Сајмон се буди со изгубено памтење. За да ја пронајде изгубената слика се здружува со хипнотизер. Главните улоги ги толкуваат Џејмс Мекавој, Винсент Касел и Росарио Досон.

[youtube]http://youtu.be/cQ-qYX9Oz1c[/youtube]

- Реклама -