Полнети шампињони

За денеска одбравме лесно јадење, идеално за пролетните денови и за земање „одмор“ од мрсната храна.

Состојки:500г шампињони, 500г пилешки џигер,50мл коњак,200г ориз,100мл млеко, 50г путер, 50г зелени маслинки, магдонос, бибер, сол

stuffed_mushroomsПодготовка:Испржете го џигерот и испасирајте го. Во него додадете го млекото, путерот и коњакот. Посолете и наросете бибер по желба. Добро измешајте. Со оваа смеса полнете ги шампињоните, наредете ги на тавче намачкано со путер и ставете во рерна да се пече.

Кога ќе биде готово, одозгора додадете ситно исецкан магдонос и сервирајте со ориз. Декорирајте со маслинките.

Добар апетит!

- Реклама -