Што да јадете пред тренинг?

На вашето тело му е потребна енергија пред напорниот тренинг, затоа, добро подгответе се. Експертите велат дека од оброкот кој ќе го изедете пред тренинг најмногу зависи колку ќе можете да ги извршите вежбите, затоа внимателно одберете што ќе јадете саат или два пред одењето на фитнес.
Ние ви подготвивме листа од седумте идеални оброци.

1. Круша и ф’стаци

Крушите се полни со природни влакна, што дополнително го успорува ваерњето и се чини дека ќе се чувствувате сито во текот на тренингот. Ф’стаците исто така имаат влакна и помагаат да го одржите шеќерот во крвта.

2. Чоколадно млеко

Звучи чудно, но истражувањата покажуваат дека чоколадното млеко содржи одлична мешавина од јаглени хидрати, протеини и калиум кој му дава дополнителен стимул на вашето тело за време на тренингот.

Drink-Chocolate-Milk

3. Кафе

Експертите велат дека малку кофеин пред тренинг (околу 100 милиграми), му дава дополнителна сила на организмот. Додадете малку обезмастено млеко за екстра протеини и бидете сигурни дека сте добро хидрирани.

4. Путер од кикирики, интегрален леб и банана

Овој оброк е идеален, бидејќи е избалансиран со протеини од путерот од кикирики, јаглени хидрати од бананите и леб. Протеините од путерот се мошне потребни во организмот во текот на вежбањето, бидејќи го задржуваат високо нивото на енергија во текот на целото вежбање.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

5. Суво овошје

Природниот шеќер во овие намирници ќе се претвори во енергија за вашето тело во текот на целото вежбање. Доколку имате потреба за нешто посилно, тогаш прелијте преку секое суво овошје јогурт, тој е додатен извор на протеини.

fruit

6. Нискомаслено сирење на тост и портокал

Сирењето е одличен извор на протеини и калциум кои помагаат во одржувањето на вашите коски и мускули. Портокалот, полн со витамин C е одличен за брзо согорување на мастите, односно на калориите во текот на вежбањето.

7. Јаболко и тврдо варени јајца

Овој оброк е нискокалоричен, содржи полно протеини, но и е одличен доколку сте тесни со времето. Јајцето е одличен начин да се дополните со протеини и со витамин B, кој помага во претворањето на храната во енергија. Наместо јајца можете да јадете и сирење.

- Реклама -