Тортелини со вргањ

Со тестенините нема грешка. За денеска ви предлагаме вкусен рецепт како да подготвите тортелини со вргањ.

Состојки

Тесто: 200г пире од спанаќ, 500 г брашно, 1,4 л вода, 200 мл бело вино, сол

За фил:250 г маскарпоне, 150 г вргањ, 40 г пармезан, 40 г презла

За сос:200 мл павлака, 250 г маслинки без семка, 200 г вргањ, 200 г шампињони, 100 г рукола

Подготовка:Замесете го тестото од наведените состојки, растегнете го и исечете го на квадртчиња со големина 7×7 цм. Измештајте маскарпоне и пропржените вргањи исечени на коцки. Додете рендан пармезан и малку презла. Квадратите од тортелини полнете ги со филот, формирајте ги  и сварете ги во солена вода. На маслиново масло испржете ги остатокот од печурките (вргањот и шампињоните), додадјте ги маслинките. По неколку минути додадете ја павлаката. Во сосот додајте ги тортелините и гответе уште неколку минути. Сервирајте во длабока чинија на рукола.

Добар апетит!

- Реклама -