Мики Маус од јуни повторно на малите екрани

Цртаните филмови за Мики Маус се враќаат на малите екрани. Копанијата „Волт Дизни“ одлучи повторно да го оживее еден од најомилените и најпопуларните телевизиски ликови.

На каналот на „Дизни“ како и на интернет страната на компанијата, од 28 јуни ќе започнат да се прикажуваат 19 нови епизоди од овој цртан филм.

На страната Disney.com, поставен е краток анимиран филм во кој Мики и Мини работат во едно кафуле во Париз, каде им снемуваат кроасани. Ликовите во цртанот говорат на француски јазик.

Извршниот директор на компанијата Дизни, Боб Игер изјави за телевизијата CNBC, дека во новите епизоди ќе врати некои невини но и ѓаволести квалитети кои Мики можеби со времето ги изгубил.

Мики Маус е „роден“ во 1928-та година, а патувал во Њујорк, Санта Моника, Пекинг, Токио, Венеција и на Алпите. Во новите епизоди друштво ќе му прават Мини, Пајо Паторот, Шиљо и Плутон.

- Реклама -