Сите жени на Јосип Броз Тито: Обожавал облини!

Беше доживотен претседател на СФРЈ, војник, политичар, омилен и омразен, но малку се знаело за неговиот љубовен живот. Накратко, Јосип Броз Тито, ги сакал жените и не дискриминирал. Сакал Србинки, Русинки, Словенки, а не му било непознато да влезе во врска и со зафатена жена. Тито во својот живот се оженил четири пати и имал најмалку толку љубовници, пишува Интернет изданието на српскиот весник „Блиц“.

„Прва негова жена била Русинката Пелагија Белоусова, која имала само 15 години кога се омажила за него. Тој тогаш бил во заробеништво во Русија. Се венчале и добиле син, Жарко. Се преселиле во Хрватска, но таа по некое време се вратила во Русија, каде што се преомажила. Иако нивните патишта се разделиле, таа токму поради него западнала во неволја, па дури била присилена и на принудна работа“, рекол за „Блиц“ Момчило Јокиќ, автор на книгата „Тајното досие-Јосип Броз“.

152629_052220s1_if

Меѓу двете сопруги половина година пауза

„Тито наводно во 1936 година во април во Москва го прекинал бракот со првата сопруга, а половина година подоцна, исто така, во Москва, се оженил со една Германка“, тврди Перо Симиќ, автор на првата биографија на Тито.

„Таа жена се викала Јохана Ана Коениг, родена во германскиот град Чемниц. Била омажена за еден висок германски државник, кој по доаѓањето на Хитлер на власт бил уапсен и осуден на 15 години затвор, а интернационалната организација Црвена помош организирала заминување на неговата сопруга во Москва, каде што живеела под псевдонимот Луциа Бауер“, рекол Симиќ.

Josip-Broz-Tito

Таа работела во фабрика за радио-апарати, а со Тито се венчала под тоа име (преземајќи го и неговото лажно презиме Волтер) во хотелот „Лукс“ каде што престојувале официјалните лица на Коминтернот.

Големата дамка во неговата биографија

Симиќ додава дека Тито набрзо ја напуштил Москва, но дека неговата сопруга останала таму. Во првата половина на 1937 година од Париз ѝ напишал четири љубовни писма, кои покажуваат дека таа била љубовта на неговиот живот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Тито со Софија Лорен

„Во мојата книга е објавен документ во кој Тито на репресивните органи на советскиот режим им ги објаснувал своите врски и односи со својата прва сопруга Пелагија, но и со втората Луциа Бауер, која на крајот на 1937 година била стрелана во Москва под лажно обвинение дека била германски шпион“, рекол Симиќ и истакнал дека Тито за Луциа рекол дека ќе „претставува голема дамка во неговата биографија“.

Страсна врска со љубовницата

Третата сопруга на Тито била богатата Словенка со еврејско потекло Херта Хаас, а за Тито, тврди Момчило Јокиќ, била најзначајна. Се запознале во Париз во 1937 година.

„Добија син, Мишо, кој уште е жив. Меѓутоа, додека бил во брак со неа бил и во врска со Даворјанка Пауновиќ Зденка. Таа му била секретарка“, тврди Јокиќ.

timthumb

Бракот со Херта траел четири години, а неговата романса со Даворјанка повеќе не била тајна. Неговите тогашна соработници дури и тврделе дека нивната љубов била исклучително страсна и често толку гласна што соработниците му замерувале за тоа.

Даворјанка во меѓувреме се разболела од туберколоза и умрела, а Тито барал да ја погребаат покрај неговата резиденција во Белград.

Доаѓањето на Јованка

По нејзината смрт, наводно се обидел да ѝ се врати на Хаас, која го одбила и последен пат го видела во 1946 година. Херта починала пред повеќе од две години во Белград, а за својот живот со Тито никогаш не говорела јавно.

[youtube]http://youtu.be/ZsQfSAyaFhg[/youtube]

Јованка Будисављевиќ, подоцна Броз, ја запознал на Дрвар, кога и првпат танцувале.

„Се претпоставува дека таа намерно била доведена во Белиот двор како домаќинка која би ја освила неговата доверба и би влијаела на тоа тој малку да се смири, затоа што, кога жените се во прашање, во тоа време бил незаситен.Уште тогаш започнала нивната „игра“, вели Јокиќ.

JovankaBroz02

Иако до крајот на неговиот живот останале во формален брак, односот меѓу нив двајца почнал да се распаѓа уште во 70-тите години. Во последните три-четири години од неговиот живот Јованка воопшто не го видела Тито.

Многу котроверзи

„Околу љуовниот живот на Тито постојат многу контроверзи, па луѓето не можат ни да го сфатат. Интересно е тоа дека сите негови жени и љубовници имале врска со работата и мислам дека тоа не било случајно, туку негова тактика. Интересно е дека речиси сите биле црни и сите имале големи облини“, заклучува Јокиќ.

jovanka-broz-naslijedit-ce-nakit-brilijante-cak-zlatnu-kociju-slika-326905

Од останатите љубовници на Тито се споменува руската актерка Татјана Окуњевска, која ја запонзал во Москва и ја заведувал со месеци. Со грузиската атлетичарка Нина Думбаџе имал кратка авантура.Со сплитската оперска дива Гертруд Мунтиќ наводно бил во врска, но таа го негирала тоа, а го поврзуваат и со Дарјана Грбиќ која била негова масерка.

- Реклама -