50 плус: Две „кралици“ кои ги престигнаа помладите колешки

Џулијан Мур и Моника Белучи најдобро покажуваат дека годините се само бројка.

Иако и девете познати актерки зачекорија во педесеттата години од животот, на црвениот тепих на доделувањето на британските награди за најдобро филмско остварување (BAFTA), го привлекоа целото внимание на публиката и фотографите.

Џулијан Мур ја добри наградата BAFTA во категоријата најдобра актерка за филмот „Still Alice“, а со својот излгед одржа модна лекција на дупло помладите дами кои се најдоа со неа во истата категорија.

Модната икона стара 54 години заблеска на свеченото доделување во црвен фустан долг до под со потпис на Том Форд, кој со големиот отвор од напред на пристоен начин ги истакна женските атрибути.

Вниманието на фотографите го привлече и дивата Моника Белучи, која на доделувањето на британските награди со младата француска актерка Леа Сејдоу се најде во улога на презентерка.

Фаталната Италијанка за оваа пригода одбрала црн „vintage“ фустан до под кој суптилно ги истакна нејзините раскошни облини во облик на песочен часовник.

Kraljice ženstvenosti 2

Џулијан и Моника ги пуштија своите женствени тела, убавито лице го нагласиле со соодветна шминка, а целиот стајлинг јасно ја истакнува женската убавина, која како и виното, со текот на годините е се подобра.

Julianne Moore na premijeri filma 'Igre gladi: Šojka rugalica 1.dio'

Monica Bellucci 4

Julianne Moore GG (Foto: Getty Images)

Monica Bellucci

 

- Реклама -