Обожавателите од целиот свет нестрпливо го чекаат излагањето на филмот „50 нијанси на сиво“. За нивно задоволство објавени се фотографии од сетот на снимањето.
Џејми Дорнан во Ванкувер ги снима првите сцени од најочекуваниот филм (барем меѓу женската популација). Со својата појава младиот ирски актер го привлече вниманието на присутните. Со Џејми во филмот кој е сниман според светскиот бестселер, глуми и Дакота Џонсон која ќе го оживее ликот на Анастасија Стил.
Книгата „50 нијанси на сиво“ целосно ги освои, и мажите и жените низ целиот свет. Во книгата преовладува еротика, а каков ќе биде филмот останува да видиме- како и многу еротски сцени кои толку детално се опишани во книгата.