5 смешни лаги за древните цивилизации

Повеќето од она што го знаеме за Античките цивилизации, доаѓа од филмовите и телевизијата. Тоа значи дека голем дел од нашето знаење се родиле во умот на некои холивудски сценаристи и всушност не се вистинити. 

5. Римјаните биле луди за оргиите

rimjani-orgii
Кога ќе слушнете „Римјанин”, разбирливо првата асоцијација е „оргија”. Но тоа е нормално, затоа што сите знаеме дека Римјаните имале секс во секое време, на секое место и со сите, нели?
Но, вистината е дека приказните за римските секс феставали се родиле од гласини и тоа е факт. Всушност, старите Римјани избегнувале  оргии. Двојките имале секс во текот на ноќта, во целосен мрак, и главно облечени. Точно е дека богатите имале секс пред своите слуги, но за нив тие биле  повеќе како мебел.

4. Античките Римјани биле бели

rim-koloseum

Ако треба да се замисли Колосеумот, полн со древни Римјани, веројатно ќе си замислите толпа од луѓе во црвени наметки, и безброј бели мажи. Не дека сте расисти, едноставно секој филм во историјата ја отсликал истата  претпостава за Стариот Рим, мислејќи дека штом Рим е во Европа, значи таму имало бели луѓе.Каква би била разликата пред 2000 години?

Голем дел од Римската империја, всушност била во она што денес го нарекуваме Африка или Блискиот Исток. Тоа треба да е сосема доволно за да ни стане јасно дека не е се толку бело колку што замислуваме. Римската империја била  место на секакви раси, имајќи ја  предвид комбинацијата од северноафриканци, Семин, западноазиатци, латинци и Грци.

3. Христијаните  ги јаделе лавови

lavovi-hristijani

Кога античките Римјани имале потреба од повеќе  забава во Колосеумот, тие едноставно наоѓале голема  група христијани и ги фрлале во  арената. Сите биле многу среќни, купувале  пуканки и ги  воделе децата да го гледаат шоуто. Барем на тоа нè учат филмовите.

Вистината е дека нема никакви автентични докази за христијанските маченици во Колосеумот до повеќе од еден век откако христијанството станува официјална религија во Римската империја. Всушност нема никакви докази воопшто за тоа дека  Римјаните убивале христијани во Колосеум. Од каде знаеме дека големите мачки не ги остреле забите со верници христијани? Од таму што  кога императорот Нерон, ги гонел Христијаните , Колосеумот уште не бил изграден. По неговата изградба пак веќе сите биле христијани.

2. Античките олимписки игри биле тест на физичките способности, а не за игри и слава

olimpijada

Денешната Олимпијада е корумпирана, полна со измами и скандали, но барем може да се пофали дека некогаш ги имала благородните идеали на Античките грци, како  аматери, фер игра и мир. Сосема не.
Буквално сите лоши работи од модерните игри – измама, корупција, комерцијализмот – биле  присутни речиси од самиот почеток на древната Олимпијада, со тоа што  идејата за „фер плеј” не постоела.
Првите олимпијци биле исто толку мотивирани од материјалната добивка и славата, како и денешните. Дури и зборот „спортист” значи „човек, кој се натпреварува за наградата”.

1. Античка Грција била разумот и логиката на цивилизацијата

demokratija
Пред Римската Империја да го освои светот, разумот, логиката и културата биле власт во Античка Грција, каде во најобичен ден можело да се судрите со Аристотел и Платон кои чекале на ред во продавница. Ерата била златна за целото човештво. Повторно погрешни информации.
Всушност Античка Грција потсетувала  повеќе на модерна воена зона, каде различните групи војувале постојано. Не велиме дека немало светли умови или дека не им должиме на нив многу – само потсетуваме дека античките Грци  протерале, линчувале  и убиле голем дел од најсјајните меѓу нив. Некогаш сте слушнале за Сократ? Го убиле.
Древна Грција се состоела од над 1000 автономни градови и сите нивни жители се држеле како патриотски членови на банди. Секоја банда си имала своја армија, влада, обичаи и религии, а сите имале робови.
Демократска Атина пак имала повеќе робови од секој друг. И додека сме на темата, демократијата во Атина издржа помалку од два века. Речиси секој антички лидер немал трпение да се врати кон тиранијата или буквално било која друга форма на управување, освен демократијата.

- Реклама -