Високиот крвен притисок може да биде фатален. Затоа луѓето со висок крвен притисок, мора да внимаваат како се исхрануваат. Овде ви сугерираме 5 продукти кои ќе ви помогнат да го намалите крвниот притисок на природен начин.
Банани
Луѓето кои јадат по две банани дневно, цела недела, можат да го намалат крвниот притисок за 10 проценти.
Цвекло
Дневна конзумација на 500 милилитри сок од цвекло ќе влијае одлично на целиот ваш организам. Посебно на вашето срце.
Лук
Дневната конзумација на лукот има неверојатна моќ да го намали високиот крвен притисок, меѓу другото.
Хибискус
Редовно пиење на чај од хибискус сигурно ќе ви помогне да го намалите притисокот. Доколку можете да најдете сушени листови од хибискуст и да ги вметнете во исхраната, уште подобро!
Какао
Универзитетската болница во Келн докажала дека употребата на какао многу влијае на намалувањето на високиот крвен притисок.