Хроматска машина за пишување

Хроматската машина за пишување е концептуално парче уметност кое е дело на Тајри Калахан.

Уметникот од Белингам, ја модифицираше старата класична машина од 1937 година, со тоа што буквите и знаците на истата ги замени со различни бои. Новиот пишувач за прв пат беше претставен на натпреварот „West Prize competition“ во 2012 година и од тогаш стана вистинска сензација.

 

Сепак, важно е да се потсети дека станува збор за само концептуална уметност која барем засега, не е целосно функционална. Да се наслика дело со негова употреба навистина е тешко. Не невозможно, но сепак, на дизајнот му се потребни неколку дополнителни измени за да се произведат вистински уметнички дела како прикажаните подолу.

- Реклама -