Ако Скопје беше Париз…

Еххх, Скопје да беше Париз со сета таа негова светлина и култура, ќе си помислите. Но, дали знаете, ако не дај боже Скопје беше Париз, дека пола скопјани за викенд ќе си седеа дома зошто тешко дека ќе влезеа во ноќен клуб или диско.

Петок, ден за излегување. Сите дотерани, намирисани и во диско. Додека во нашата метропола е доволно познанство со вратарите и стотче за влез во диско, во Градот на светлината е малку потешко. Ако Скопје беше Париз ќе ви требаше нешто повеќе од овие два предуслови за журкање под рефлектори – дебела сметка, епитетот ВИП пред вашето име и се разбира пристојна облека.

Ако Скопје беше Париз тешко дека со патики или нечисти кондури ќе ја пречекорите вратата на ноќен клуб или диско. Таму си има строго пропишни правила и дрес код – што е тоа, ќе речат некои скопјани за оваа кај нас не толку позната изрека.

Ако Скопје беше Париз тешко на оние без девојка или без женски во друштво. Како што ќе рече еден мој познаник и во најмрачниот, најсмрдливиот и најпропаднатиот клуб во Париз ако си без женско под рака и со група мажи околу тебе нема шанси да влезеш.

Уште сакате Скопје да биде Париз?

- Реклама -