Видео рецепт: Чизкејк со малини

Чизкејкот е всушност древен рецепт – датира од времето пред Римското Царство, но со тек на време станува популарен низ целиот свет, а во тоа секако помогнаа Американците. Овој рецепт го правиме со основа од чоколадни бисквити и го преливаме со сладок и леплив сос од малини.

Совет: Ова е печен чизкејк, но има и други варијанти за кои не е потребно толку време за подготовка. Можете да ставите овошје во смесата за чизкејк пред да ја испечете или пак да експериментирате со вкусовите. За овој рецепт одлично одговараат и вкусови на цитрусово овошје како што се лимонот или зелениот лимон.

{youtube}tczAlfj7zIM{/youtube}

- Реклама -