Книга: „Што и да мислиш, мисли го спротивното“ од Пол Арден

Оваа книга ги објаснува придобивките од носењето лоши одлуки. Ти покажува дека ризикот е твојата гаранција во животот. И зошто неразумот е подобар од разумот. Оваа книга ти дава храброст да ги фрлиш коцките.

„Што и да мислиш, мисли го спротивното“ е дрзок напад на начинот на кој ги доживуваме нашата работа и нашиот свет. Наместо вообичаените здодевни совети, Пол Арден нуди смели досетки, афоризми и парадокси – што ќе ве натераат да го преиспитате она што го сметате за свој „здрав разум”.

Без оглед на тоа дали сте продавач, менаџер или купувач, Арден ќе ве инспирира со своите оригинални мисли, зачудувачки анегдоти, генијални фотографии и несекојдневни цитати на уметници, научници и филозофи.

„Генијален, лош, шармантен, избувлив и крајно ексцентричен – Пол Арден е оригинален човек со невиден порив и енергија, на кој му се дадени генијална креативност и здрав разум, какви што не сте виделе досега“  Роџер Кенеди, Сачи и Сачи

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ или на Фејсбук страницата „Вљубени во книгата“.

Добитници на книгата „Собирач на светови“ се:

1. Даниела Цуцевска
2. Игор Шапески
3. Лидија Диневска

- Реклама -