Среќен роденден за Кејт Мос, која утре полни 40 години.
Малата бездомничка од Кројдон, малата самовила која речиси самостојно го започна хероин стилот, моделот кој стана заштитно лице на Calvin Klein и Chanel и Rimel- и уште неколку бренда- сега „плива во плитко“ за Old Lady Lake? Како тоа се случи?
Обичната девојка од Јужен Лондон, ќерка на мајка барменка и татко туристички агент, прв пат беше забележана позирајќи во панталони за списанието Вог во 1993-та година. Тоа предизвика голема доза на навредливи коментари, вклучувајќи ја изјавата од уредникот на списанието Космополитан, Мишел Смит, дека сликите биле „одвратни и трагични“.
Подоцна таа година, 19-годишната Кејт стана свежо лице и бесрамно позираше топлес за глобалната маркетинг кампања за Obsession perfume.
Од тогаш таа стана најиздржлив и најпопуларен британски модел на сите времиња.
Чудно е тоа што, за нејзината возраст, кејт изгледа дека не старее. Додека другите со тек на времето стареат и се менуваат, таа некако обиколена од „златен сируп“ на времето, и изгледа барем една деценија помлада.
Беше позната по долгите, луди забави и беше девојка на познатиот актер Џони Деп, Џеферсон Харт, проблематичниот Пит Доерти, за на крај да се омажи за рокерот Џејми Хајн.
Тагата и несреќата во љубовните врски направија да тргнат работите наопаку, па позната е и по нејзиниот токсичен начин на живот, вклучувајчи дрога и алкохол.
Замислете четири долги децении, 40 лета и зими поминати работно во исцрпувачкиот бизнис како е да се биде Кејт Мос.