Гнездо ТОРТА! Велигденски десерт- без печење и готов за 15 минути! (РЕЦЕПТ)

Велигденските празници се идеално време за слатки задоволства, а еден од омилените во многу семејства е дефинитивно гнездото торта

 

 

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр корнфлекс
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 200 гр сечкани ореви
  • 250 гр маргарин
  • 7 лажици мед
  • 5 лажици шеќер

 

За декорација:

 

  • Бонбони во форма на јајца

 

Подготовка:

На тивок оган растопете го маргаринот со чоколадото, медот и шеќерот. Се трга од оган, се додаваат оревите и иситнетите корнфлекси. Промешајте да се соединат. Обложете кружен сад со алуминиумска фолија и истурете ја добиената смеса.

 

Израмнете, покријте и ставете во фрижидер да се стегне. Свртете на чинија за колачи, отстранете ја фолијата и украсете го врвот со чоколадни јајца.

- Реклама -