Пожар над Горно Јаболчиште во Општина Чашка, гори букова шума

За пожарот, како што велат од ЦУК, известени биле во ЈП „Национални шуми“, подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што утрово се упатени вработени за да го гаснат

Илустративна фотографија

Пожар во кој гори букова шума од синоќа од 23 часот е активен кај селото Горно Јаболчиште во Општина Чашка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

За пожарот, како што велат од ЦУК, известени биле во ЈП „Национални шуми“, подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што утрово се упатени вработени за да го гаснат.

Од ЦУК информираат и дека сè уште е активен пожарот над селото Острец, на Баба Планина што започна вчера наутро.

„Пожарот е на непристапен терен и не биле во можност да интервенираат. Гора сува трева, лисја и гранки и нема опасност по населени места и Националниот парк ’Пелистер’“,

велат од ЦУК.

Од Центарот за управување за кризи велат дека во текот на денешниот ден екипите интервенирале на активни пожари во селото Гургурница во Општина Брвеница, помеѓу селата Сретково и Церово, кај одморалиштето „Бунец“ во Општина Маврово-Ростуше, а и кај селото Горјане во Општина Врапчиште.

- Реклама -