Рецепт за ДОМАШЕН ПОСЕН МАЈОНЕЗ: Превкусен, а лесно се прави

За сите љубители на мајонез, ви носиме поздрава верзија за да уживате во омилениот намаз без да биде толку мрсен и нездрав.

Потребно е:

50 ml аквафаба (течност од конзерва со наут)
20 мл сок од лимон
15 гр сенф
1/2 лажичка сол
250 мл масло

Подготовка:

Во сад ставете ја аквафабата, сокот од лимон, сенфот и солта и кратко изматете ги со миксер. Потоа додадете го маслото во тенок млаз, матејќи цело време додека не добиете текстура на мајонез.

- Реклама -