(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Големите партии тешко ќе се откажат од плаќање на изборните реклами со пари од државниот буџет

Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 8 февруари 2024 г. на МРТ 1

Во ова издание на емисијата донесуваме:

– СДСМ би поддржале, за ВМРО-ДПМНЕ има аргументи и „за“ и „против“, од ДУИ молчат – за предлогот да се либерализира пристапот до предизборното рекламирање во медиумите и тоа да не се плаќа со пари од државниот буџет;

– Како е можно никотинските кесички („снус“), за кои институциите тврдат дека речиси една година не издаваат дозволи за увоз, се уште да ги има по трафиките и продавниците;

– За сообраќајниот хаос во Тетово – дали Билал Касами не ги реализира предизборните ветувања или полицијата го саботира во воспоставувањето ред;

– На локациите на старите рудници да се постават фотоволтаични и ветерни централи – од „Екосвет“ велат дека така им ќе се заштити земјоделското земјиште им ќе се добие енергија од обновливи извори;

– Интервјуто со пратеникот во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ, за застојот во пристапните преговори на Северна Македонија и (не)подготвеноста на ЕУ за забрзување на приемот на нови членки;

– Нова „Саботажа“.

Извор