Политиката е брутална. Ако некој некогаш имал некакви илузии во тој поглед, време е да ja прочита книгата „Куќа од карти”. Taa сосема ќе ве внесе во приказната за развиените демократии, каде постојат уште повеќе брутални игри за власт, какви што не ни замислувате. Книгата е сценарио за серијалот „ Куќа од карти“ на Netflix, со Кевин Спејси во главната улога.
Романот ја следи приказната на Френсис, партиски функционер од задните клупи, кој сепак има обврска да ги затегнува редовите на конзервативците и да одговара за партиската дисциплина. Со желбата за моќ и повеќе власт, тој гази преку сите, за да ги оствари своите цели. Бескруполозен, екстремно интелигентен и навидум харизматичен. Единствениот човек кој може да го открие е една млада новинарка, која сепак потпаѓа под власта на неговиот шарм.
Валкана игра е политиката, ова го вели и авторот Мајкл Добс, поранешен член на кабинетот на Маргарет Тачер, па со секоја прочитана страница се повеќе му веруваме.
Интересна е и сликата на британскиот печат и начинот на информирање, кој е сосема различен од она на кое сме навикнале во Македонија.
Aко не ви е во план да читате, тогаш нема да згрешите ни со серијата…