Во тек е вториот круг од Локалните избори во Република Македонија, на кои градоначалници ќе изберат вкупно 35 општини.
Право на глас на денешниот втор круг имаат 833.710 граѓани, распределени во 1517 избирачки места. 70 кандидати учествуваат во вториот круг на локалните избори, кои денес ќе се изборат за градоначалничка фотелја во 35 општини. Првиот круг завши на 15 октомври, кога беа избрани градоначалници на 45 општини и на Град Скопје, како и новите општински совети.
Вчера за вториот круг гласаа болните и избемоштени лива, како и лицата кои се сместени во казнено-поправни домови и оние кои издржуваат казнена мерка куќен притвор.