3 причини за тоа зошто не треба да ја фрлате течноста од киселите краставички

Киселите краставички одат одлично во комбинација со сендвичи, и го подобруваат вкусот на многу видови салати. Но, проширете ги вашите кулинарски хоризонти, и започнете да ја употребувате и течноста во која тие се чуваат. Наместо во одводот, додадете ја во омилениот оброк или во некој коктел…

Пијалок после вежбање

Киселата течност од краставичките е богата со електролити, па може да се пие без какви било други адитиви после напорните вежби и така да се поврати дел од вредните елементи кои сте ги изгубиле преку потењето. Оваа течност е добар извор на калиум, кој ги спречува мускулните грчеви. Пред конзумирањето, вниматлно отстранете ги трагите од кромид, лук, и слични други додатоци кои се ставаат во неа.

Нежна замена за оцет

Сокот од киселите краставички, можете да го употребите и како замена за оцет, додавајќи го во различни видови на салата, варени јајца, компир и слично. Течноста можете да ја измешате и со јогурт, и да ја користите смесата како сос за месо или прелив за салата.

Коктели со поинаков „шмек“

Звучи необично, но киселата течност од краставичките можете да ја искористите и како додаток во некој коктел. Имено, во комбинација со мартини, се добива интересен вкус, користејќи го наместо маслиновиот сок кој вообичаено се става. Исто така, сокот од киселите краставички можете да го „исечете“ и со чаша виски. И како за крај, оваа течност, е одличен лек против мамурлакот.

- Реклама -