2Cellos објавија нова песна

Хрватското дуо 2Cellos, Стјепан Хаусер и Лука Штулиќ, неодамна го објавија новиот албум „In2ition“, а на YouTube е објавена и нивната обработка на песната на Coldplay „Every Teardrop Is A Waterfall“ што ја свират само на еден инструмент.

Најбараното хрватско дуо оваа година ќе тргне и на хрватска турнеја, а за прв град го одбра Вараждин каде што ќе настапи на 1 јуни.

„Едвај го чекаме почетокот на турнејата и првиот концерт во Вараждин“, рекле Хаусер и Штулиќ.

[youtube]http://youtu.be/XleaVcy4he8[/youtube]

- Реклама -