Одложено судењето за „Тотал“

Поради болест на судијката, судењето на Драган Павловиќ-Латас во „Тотал“ е одложено за 7 ноември.

Латас е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра, преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Последното рочиште за овој предмет беше одложено поради промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, што заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.

- Реклама -