Повреден 82-годишен пешак во сообраќајка

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера (30 септември) околу 15 часот било пријавено дека на улицата „Даме Груев“ на паркинг просторот патничко моторно возило „Мазда 3“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С. (25) од Скопје удрило во пешакот О.О. (82) од Скопје, наведуваат МВР во Билтенот.

Во незгодата со повреди се здобила О.О., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на целосно расчистување на случајот.

- Реклама -