Гостиварец се повредил чистејќи пиштол

Вчера (30 септември) околу 15 часот било пријавено дека во село Дебреше-гостиварско, Г.Б. (62) од истото село, подмачкувајќи го пиштолот (кој го поседувал без одобрение), без да забележи дека во цевката има куршум, испукал еден куршум со кој си нанел повреди во пределот на шаката од левата рака.

На Г.Б. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот, се наведува во Билтенот на МВР.

- Реклама -