ДИК: 383 домашни и 286 странски набљудувачи за претстојниот референдум

Референдумот на 30 септември ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи, објави ДИК.

Најмногу акредитирани домашни набљудувачи имаат Цивил-Центар за слобода – 282, Националниот ромски центар Куманово – 46 и Инклузива 40, МОСТ ќе го следи референдумот со 12, а Здружението ЕДУЛСЈ со тројца набљудувачи.

Од странските набљудувачи најбројни се на ОБСЕ-ОДИХР – 188, на Амбасадата на САД – 35 и Мисијата на ОБСЕ во Скопје 12 набљудувачи.

Осум набљудувачи ќе има од парламентарното собрание на Советот на Европа, 9 на британската амбасада, амбасадите на Унгарија, Франција и Албанија со по шест, додека амбасадите на Турција и Косово со по четири набљудувачи, Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС и Комитетот за отворена демократија со по тројца набљудувачи, а двајца набљудувачи ќе има невладината организација The Earth Saviours Foundation.

Вкупно 47 странски новинари се акредитирани за следење на референдумот.

- Реклама -